Летото е идеално доба за многу убави и прекрасни моменти, за релаксирање, одморање, љубов… Со растењето на летните температури расте и вашата сексуална желба, велат сексолозите. Прочитајте кои сексуални грешки најчесто ги правиме во текот на летото и како да ги спречите.

Кондоми

Никако не би требало да ги оставате кондомите во автомобил, на пример, бидејќи високите температури можат да ги оштетат презерватитвите, што сигурно не сакате. Со тоа се зголемува и ризикот од несакана бременост и сексуално преносливи болести. Значи, ако вашите кондоми стојат неколку дена во авотомобилот, фрлете ги и чувајте ги исклучиво на студени места.

Секс во вода

Можеби мислите дека тоа е одличен начин малку да го зачините својот сексуален живот, но… Водата го плакне природниот лубрикант којшто го произведува телото, со што, исто така, се зголемува ризикот од сексуално преносливи болести или од инфекции на половиот орган. Ако сте помислиле дека овој проблем можете да го решите со користење кондом, имајте на ум дека хлорот од базенот, како и солената вода би можеле да го оштетет презервативот.

Се „плашите“ од потта

Сигурно не уживате во „мирисот“ на потта, но немојте да се „плашите“ од неа. Верувале или не, овој мирис кој телото го произведува може да ја зголеми вашата сексуална желба, но и да ве направи неодоливи. Секако, тоа не треба да го користите како изговор за нередовно туширање! Кога се потиме, телото произведува феромони, кои ги регистрира регија во мозокот одговорна за сексуалниот нагон, па на спротивниот пол му стануваме попривлечни.

Не пиете доволно течности

Веројатно сега мислите дека сме ја промашиле темата и дека ова нема никаква врска со сексот, но се лажете. Сексот е, практично, како тренинг, односно трошите енергија и губите течност во текот на сексуалниот однос. Иако не е баш секси овој совет, сепак, држете го шишето или чашата вода покрај креветот. Секако, можете и да вклучите коцки мраз во (пред)играта, нема да штети.

Брзате…

… а не би требало. Ако надвор има „милион“ степени, со сексот на брзина ќе постигнете само да се „залепите“ еден за друг. Во ред, ниту тоа не мора да биде лошо, но високите летни температури се вистинско време да се одлучите за побавен, понежен сексуален однос.
Имајте на ум и тоа дека мажите и жените полесно доживуваат оргазам кога водат љубов, отколку кога „акцијата“ ќе ја извршат набрзина, велат сексолозите.

Алкохолот не е пожелен во предиграта

Многу љубовни двојки во предиграат која подразбира лижење на алкохолот од телото на партнерот, најчесто од стомакот. Сепак, поедини алкохолни пијалаци можат да остават изгореници на кожата, а особено доколку е изложена на сонцето. Нималку секси, зарем не?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.