Јапонскиот порно актер Кен Шимизу вели дека е потребно да правите неколку работи ако сакате да имате цврста и долготрајна ерекција.

Вели дека спиел со повеќе од 8.000 жени, снимил над 7.500 порно филови и неделно заработува 26.000 долари.

„Многу мажи сонуваат да станат порно ѕвезди. Знам дека и јас истото сум го посакувал, особено кога бев помлад“, вели Кен во неодамнешно интервју за јапонските медиуми.

Добра храна, квалитетен сон и вежбање се фактори кои прават ерекцијата кај мажите да биде цврста и долготрајна. Додатоците во исхрана не се ништо во споредба со ова, а многу мажи земаат само суплементи, без да внимаваат на исхраната, објаснува тој.

Што не треба да правите ако сакате квалитетна ерекција:

Пушење цигари

„Пред да запалите цигара, застанете и размислете како тоа влијае на вашиот полов орган. Освен што цигарите предизвикуваат рак на бели дробови, срцеви заболувања, пожолтени заби и потенок паричник, пушењето ѝ штети на машкоста. Вдишувањето никотин ги стеснува крвните садови, што значи дека е помал протокот во пенисот, а тоа доведува до слаба ерекција“, вели тој.

Цигарите го менуваат и вкусот на спермата. Научно е докажано дека престанувањето со пушење цигари доведува до долготрајна ерекција, а со самото тоа и до поголемо задоволство за вашата партнерка.

Прекумерно пиење

Прекумерната консумација на алкохол е поврзана со намалување на протокот на крв во гениталиите и понизок сексуален нагон.

Нездрава храна

Нездравата храна ја намалува енергијата во телото, ја зголемува тежината, доведува до проблеми со циркулацијата и води до депресија. Јадете повеќе овошје, зеленчук, интегрални житарки и мешунки.

Стрес

Одвојте си време за себе и опуштете се, најдете си хоби кое ќе ве прави среќни.

Игнорирање на менталното здравје

Не треба да си гениј за да знаеш дека песимизмот, напнатоста и депресијата ја убиваат желбата за живот, што значи и за секс.

Ако оставите проблемите да се таложат, тоа нема да има добар крај. Затоа е подобро да разговарате со партнерот, па дури и со стручно лице за да излезете од мрачната состојба во која се наоѓате.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.