Домаќинските работи може да бидат повозбудливи отколку што изгледа на прв поглед. Барем така потврди истражувањето на Superdrug Online Doctor спроведено на 1.000 луѓе, 500 Американци и 500 Британци.

Повеќе од половината од нив, поточно 58 отсто, рекле дека гледањето на нивниот партнер како работи по дома ги возбудува. Но, не секоја работа е подеднакво возбудувачка.

Ова се  со најголеми шанси да завршат со секс:

1. Готвење – 62 проценти.
2. Чистење – 48 проценти.
3. Мали поправки низ домот – 43 проценти.
4. Местење на креветот – 40 проценти.
5. Миење садови – 35 проценти.
6. Работа низ двор – 34 проценти.
7. Миење на автомобилот – 30 проценти.
8. Перење – 27 проценти.
9. Редење/организирање на плакарот – 15 проценти.

Истражувањето исто така покажа и дека мажите се тие кои повеќе се возбудуваат кога гледаат како жена им работи низ домот, поточно 61 отсто од нив, во споредба со 56 отсто од жените кои го кажале истото за момците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.