Додека многу сексуални помагала се сметаат за многу добри при стимулирање на вагината, постојат одредени сомнежи дека вибраторот има негативно влијание. Многумина сметаат дека пречесета употреба на вибраторот ја десензитивизира вагината, односно предизвикува синдром на „мртва вагина“.
Стручните лица решија да објаснат дали овој синдром, кој наводно ја убива страста меѓу партнерите, навистина постои или е само мит.
Гинекологот Шајза Малик за „Метро“ изјави дека не постои медицински доказ дека синдромот на мртвата вагина доведува до губење на сензитивноста.
Докторката објасни дека слабеењето на сензитивноста може да биде само моментно.
Секое чувство на десензитивност може да трае најмногу до еден час, вели гинекологот и додава дека намалување на чувството на сензитивност на вагината може да се јави непосредно по раѓање на дете, за време на доење, но и за време на користење на контрацепција.
Уште една студија ја оспорува оваа теза, докажувајќи дека синдромот на „мртвата вагина“ е всушност само мит кој се шири на социјалните мрежи.
Според тоа истражување, дури ни еден отсто од жените не пријавиле губење на сензитивноста по долга употреба на вибратор. Истражувањето покажало дека користење на вибратор може да има позитивни ефекти кои се однесуваат на подобра стимулација на вагината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.