Сексологот Лаура Берман која се залага за широка сексуална едукација, тврди дека секоја жена треба да работи на тоа во спалната соба да се чувствува самоуверено. Таа истакнува дека овие три работи најдобро придонесуваат за тоа:

1.Да се грижи за косата

Верувале или не, но грижата заизгледот и квалитетот на косата влијае на сексуалниот живот. Тоа ја подигнува самодовербата зашто жената се чувствува поженствено, поубаво и пострасно.

Една од три жени се откажува од излегување на состанок со маж ако не е задоволна од косата.

-Во општеството се смета дека е убаво жената да има блескава и густа коса, чиста кожа и сјај во очите, а сето тоа е знак на репродуктивно здравје. Тоа покажува дека ѓената е здрава и полна со живот, вели д-р Берман.

2. Да му каже на партнерот што сака

Мажите, вели таа, всушност, не ги познаваат женските гениталии, па ни самите жени.

-Шокирана сум колку жени не знаат каде им е клиторисот, вели таа, а пренесува Reader’s digest. Затоа им предлага на жените да земат огледало и да се запознаат со својата вагина. Пороа да се допираат и да обрнат внимание како се чувствуваат и што им годи, пишува 24sata.hr.

-Не можам да ви објаснам колку е важно да си ги познавате секој сантиметар од телото. Кога знаете повеќе за себе, можете да спознаете што ве возбудува. Точно ќе знаете да му кажете на партнерот каде и како да ве допираТоа е дефинитивно интимен момент, советува докторката.

3. Ја преземаат контролата врз својот оргазам

-Мажите често добиваат сексуално образование од порнографија. Жално, но така е. Тоа значи дека имаат искривен поглед на она што ја возбудува жената. За да биде уште полошо, многу жени не кажуваат што сакаат, а што не во текот на сексот, вели докторката. Таа додава дека жените со кои се среќавала не сакале да го повредат парнерот кога гледаат колку се труди во креветот, па премолчувале дека не уживаат во сексот. Тоа е резултат на тоа што знаат да глумат оргазам и на крајот од приказната излегуваат исфрустрирани.

-Глумење оргазам повеќе му штети на односост отколку што му користи. Жените кои никошан не доживеале оргазам, ми викаат ќе се случи и тоа кога ќе го запознаат вистинскиот. Но, тоа не оди така. За да постигнете оргазам, секоја жена треба да се ангажира. Со оглед на тоа што многу жени не доживуваат оргазам со пенетрација, постојат и други опции. Сексуалните играчки се една од нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.