Во oрганизација на Шведската сексуална унија, во Гетеборг денеска почнува првото издание на Европското првенство во секс, кое ќе трае две месеци.

Почнуваме со вакво натпреварување за да укажеме на подреденоста на жената во општеството. Жените се стигматизирани со години. Сексот е еден од ретките спортови во кои жените се еднакви, ако не и подоминантни од мажите, се наведува на официјалната страница на овој натпревар.

На првенството боите на Хрватска ќе ги брани 27-годишната Марија Задравец.

Швеѓаните сексот го доживуваат како спортска дисциплина. Како освоив место на натпреварот? Минатата година настапив на саемот за еротика во Љубљана, каде што запознав моќни луѓе од порно индустријата. Јас сум единствената порно актерка во Хрватска па добив покана да ја претставувам Хрватска, вели Марија за хрватските медиуми.

Таа објаснува како же изгледа самото натпреварување.

Ќе трае два месеци. Ќе има по 10 мажи и 10 жени. Ќе бидеме сместени во куќа, каде ќе се снима 24 часа и луѓето ќе можат да нè гледаат. Нешто како „Големиот брат“. Категориите во кои ќе се натпреваруваме се заведување, масажа, масажа на ерогена зона, предигра, орален секс, пенетрација, издржливост, изглед, позирање, креативност…Натпреварот ќе трае 45 минути дневно. Секој натпреварувач бира со кого сака да се натпреварува во одредена категорија тој ден. Значи, нема да имам постојан партнер, туку ќе го изберам оној што мислам дека ќе биде добар во одредената категорија, додаде Марија.

Таа објасни како ќе изгледа бодувањето и колккав е наградниот фонд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Zadravec (@marijaa.zadravec)

Бодувањето е обврска на пет судии. Ќе гласа и публиката, на истата страница каде што ќе се прикажува натпреварот – swedishsexfederation.com. На крајот на неделата се елиминираат оние со најмалку поени. Има богата награда за првите три места, но точните суми сè уште не можам да ги кажам. Најдобрите ќе добијат и медали. Како што кажав Швеѓаните сексот го сметаат за спорт…Исто така победникот на натпреварот оди директно на Светското првенство, за кое датум уште не е одреден, заклучи Марија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.