Еректилната дисфункција (импотенција) е всушност неможност да се постигне и одржи ерекција доволно силна за сексуален однос. Иако лекарите велат дека повремените проблеми со ерекцијата не се нужно причина за загриженост, ако еректилната дисфункција се јавува почесто, тоа може да предизвика стрес кај мажите, да влијае на нивната самодоверба и да придонесе за проблеми во врската.

Проблемите со постигнување или одржување на ерекција, исто така, може да бидат знак за основна медицинска состојба што треба да се третира. Според Клиниката Мајо, понекогаш лекувањето на основната состојба е доволно за да се смени еректилната дисфункција, додека други случаи може да бараат лекови или други соодветни третмани.

Иако огромното мнозинство луѓе веруваат дека најчеста причина за еректилна дисфункција е анксиозноста, истражувањата покажуваат дека вистината е всушност поинаква. Имено, двете најчести причини за еректилна дисфункција кај мажите се срцевите заболувања и високото ниво на холестерол во крвта.

Од друга страна, лекарите објаснуваат и дека претходно споменатата дебелина, дијабетес, пушење, хроничен стрес, депресија и други психички проблеми можат да влијаат и на појавата на еректилна дисфункција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.