Српскиот уролог Александар Милошевиќ за време на ноември, месецот на машкото здравје, одговара на прашања од читатели на „Жена“ поврзани со машките полови органи.

Едно од прашањата е од 31-годишник и е поврзано со мускулот кремастер.

Би сакал да ми кажете симптоми на дисфункција на споменатиот мускул, дали постои можност болката да помине сама по одредено време и дали промената на времето влијае на болката?

Уролог, д-р Александар Милошевиќ одговара:

Кремастер мускулот влијае на положбата на тестисите и скротумот, а служи за регулирање на топлината на тестисите. Практично: на студ, во ладна вода или на ладна температура, ги подига тестисите кон ејакулаторниот канал за да ги загрее, а кога топлината е прекумерна, тој мускул ги опушта. Ако не работи, т.е. ако слабо ги подига тестисите, скроталната кеса е предолга, преголема и тестисите висат, по што се јавуваат болки, веднаш треба да се обратите кај уролог. Исто така, доколку мускулот лошо работи, треба да се испитаат невролошките дејства во телото на лумбалниот ‘рбет и периферните нерви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.