Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски денес во вонредно обраќање на фејсбук соопшти дека сме на прагот на нова голема инвестиција, металуршкиот комбинат Азовстал кој ќе го префрли своето производство во нашата земја.

Според Ковачевски, оваа инвестиција ќе донесе нови работни места и голем напредок за државата.

Чест ми е да соопштам дека успеавме да привлечеме еден голем инвеститор. Тоа е металуршиот комбинат Азовстал кој ќе го пресели своето производство од Украина во Македонија. Се грижиме за народот, ја унапредуваме економијата! Градиме нови фабрики за среќен народ и подобра иднина, напишта Ковачевски на фејсбук.

Тој додаде дека 18.000 денари плата била основната причина зошто челниците на Азовстал се одлучиле да се преселат во Македонија.

Перспективите и среќата кои ги носат мерките на владиниот економски тим беа неодоливи за овој голем инвеститор. Иако финансиски тоа за нив ќе значи дека ќе плаќаат високи плати на работниците, сепак им беше чест да остваруваат помал профит но сепак да ја заживеат Македонија, додаде Ковачевски.

Според него, ова е само прва од многуте инвестиции кои Македонија ќе ги преземе од Украина, но и од светот.

На ред се фабриките на Гугл и Фејсбук, како и формула 1 трката која од Русија ќе ја преселиме да се одржува околу Свети Николе, со што уште еден завет на големиот Зоран Заев ќе биде реализиран, вели премиерот.

Фабриката на Азовстал се очекува да биде лоцирана во регионот на Криволак.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.