Денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе учествува на самитот Украина Југоисточна Европа кој се одржува во Дубровник, Република Хрватска.

Самитот ќе го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а свое излагање ќе има и претседателот на Украина Володомир Зеленски.

Станува збор за трет по ред самит, првиот е одржан во август 2022 година во Атина, вториот во Тирана, Република Албанија. Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина.

На овој Самит се најавени претставници од 12 држави од регионот.

Во Македонската делегација која ја предводи премиерот Мицкоски е и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.