Најпрвин можам да го искажам своето задоволство, бидејќи овој апарат којшто овдека е инсталиран, претставува еден од ретките апарати коишто пациентите можат да го користат. Иако министерот и директорот, рекоа дека се користи интензивно, јас би сакал што помалку да се користи. Но, веќе кога имаат граѓаните потреба се разбира дека овој апарат само може да го забрза дијагностицирањето на проблемите и идетифицирањето на истите. Јас сакам да му честитам и на директорот и на министерот и на луѓето на Министерството за здравство за ете што во првите 100 дена имаме некаква испорака, имајќи во предвид во каква катастрофална состојба го наследивме овој сектор – истакна премиерот Христијан Мицкоски, при пуштањето во употреба на апаратот за магнетна резонанца во Поликлиника „Идадија“.

Во оваа прилика тој потсети дека само долгот којшто го затекнале во Фондот за здравствено осигурување бил повеќе од пет милијарди денари.

Со добра реорганизација и со ребаланс на Буџетот тој долг ќе се намали за две милијарди денари. Очекуваме во следната фискална година тој долг да биде сведен на нула. Ќе ве потсетам на Законот кој беше изгласан за здравствена заштита каде што веќе ќе немаме дуализам во здравството, туку ќе имаме јасна одговорност во установите и во клиниките – истакна премиерот.

Тој потсети и на акцијата за вработување на 600 специјализанти, 300 оваа година, 300 следната.

Оние коишто ќе пројават интерес , ќе сакаат да се вклучат во јавното здравство и уште многу, многу други работи како што беше позитивната листа, девет генерички лекови нешто што повеќе од деценија и половина имаме пауза кога немаше проширување на позитивната листа со што се влијае позитивно врз пациентите и врз стандардот на оние коишто ги користат тие лекови. Оној настан којшто го имавме на Дигестивна клиника исто така промоцијата на опремата таму и уште многу други работи коишто беа промовирани во овие 100 дена. Очекувам во периодот којшто следи дополнително да промовираме уште многу работи.

Мандатот го започнавме преку Клиничката болница во Штип таму го најавивме продолжувањето на постапката за изградба на Клиничката болница Штип, болницата во Кичево, којшто се децениски проекти коишто за жал претставуваат споменици на едно време коешто не сакаме да се сеќаваме. Така што мислам дека прилично амбициозно се влезе, проблемите ги има, но проблемите ќе ги решаваме не треба да бараме изговори, треба да работиме и во периодот којшто следи продолжуваме со несмалена динамика и со несмалено темпо.

Уште еднаш честитки за опремата и во тој дух и во таа насока да се продолжи во периодот којшто следи, бидејќи граѓаните се нашиот главен приоритет и нивните интереси се оние за коишто треба да работиме и коишто треба да ги задоволиме – заклучи на крајот премиерот Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.