На маргини на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа што се одржува во Скопје, министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил билатерална средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападопуло, соопштија од МНР. Пападопуло е поранешна амбасадорка на Грција во Македонија.

Тема на разговор била европската перспектива на Македонија и потребата од натамошна поддршка од страна на Грција.

– Македонија и Грција, како партнери и сојузници треба да играат клучна улога во обезбедувањето на регионалната стабилност. ПСЈИЕ како иницијатива е добра платформа за дијалог и за решавање и разрешување на отворените прашања, истакнал Османи.

Тој додал дека Грција е ценет и силен поддржувач на европската интеграција на Македонија, како и доверлив и значаен сојузник во НАТО.

– Очекуваме оваа поддршка за ЕУ и соработката во НАТО да продолжи да се развива и надградува во наредниот период. Европската интеграција на регионот е од најголемо стратешко значење и споделен интерес за регионалната и целокупната европска безбедност, рекол Османи, се посочува во соопштението од МНР.

На средбата, соговорниците изразиле задоволство од динамиката со која се развиваа односите меѓу двете соседни земји, особено изминативе седум години по потпишувањето на Преспанскиот договор, нагласувајќи ја потребата од негово почитување и целосна имплементација од двете страни



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.