Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија, ја отфрли претставката на Богдан Илиевски, против соопштението на ЗНМ/ССНМ во кое го повикуваат јавно дека поттикнал на вербално насилство и говор на омраза, соопшти денеска водителт.

На седницата одржана на 19.06.2024, Советот на честа се прогласи за ненадлежен да одлучува во спор од ваков облик, но укажа дека секој имател на социјална мрежа е одговорен за модерирање на коментарите под одреден пост, за што, како што велат, постои и судска пракса.

Утрово го ополномоштив адвокатското друштво „Менкиноски“ да ме застапува во постапката која ја најавив против ЗНМ и ССНМ. Мојот коментар на одлуката на Советот на честа на ЗНМ ќе го објавам подоцна во текот на денов.
Со надеж дека не поттикнав омраза кај никој од вас, се читаме подоцна, објави Илиевски.

Случајот почна со споделен пост на Илиевски, на кој тој коментира „Добро, зошто?“:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.