Поранешниот британски премиер Тони Блер отпатува на Косово за да одбележи 25 години од крајот на војната во Косово со Србија. Тој доби топло добредојде од претседателката Вјоса Османи и пет момчиња по име Тониблер.

Тие беа именувани по Блер поради неговата улога во ослободувањето на земјата.

Како британски премиер, Блер помогна да се организира меѓународна коалиција за да започне воздушни напади за да го принуди југословенскиот претседател Слободан Милошевиќ да ја прекине својата воена кампања, пишува Индекс.

Затоа Блер ужива статус на херој во Приштина.

Ова не е прв пат Блер да се сретнува со своите имењаци. Во 2010 година, за време на посетата на Приштина, запознал девет момчиња кои биле именувани во негова чест.

Тогаш му било кажано дека неговото име е „прилично вообичаено“ на Косово.

Блер на специјална седница на косовскиот парламент изјавил дека не жали за посветеноста на Косово, пишува Политико.

„На средба со косовските бегалци во камповите во близина на Скопје, слушајќи ги нивните потресни приказни за раселување и суровост, нивните лица очајни за помош. Помогнавме и никогаш не зажалив“, рече тој.

Блер не е единствениот светски лидер од 1990-тите кој е почитуван во Косово.

Една улица во Приштина го носи името на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, додека поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт има свој споменик.

Клинтон и Медлин се исто така вообичаени повоени имиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.