Овен
Овој хороскопски знак е познат по својата упорност. Што и да замислат, тие тоа и ќе го направат. Тие ќе го реализираат својот план и во состојба се дури и да „газат по трупови“. Тие мислат само за себе и за своите лични цели.

Бик
Родените во овој знак ќе направат се за да привлечат внимание за нивните лични проблеми. Тие веруваат дека она што им се случува е поважно од сè што им се случува на другите луѓе. Иако важат за луѓе на кои можете да се потпрете и за добри пријатели, тие нервираат многумина бидејќи не се подготвени за компромис и се стремат само кон своите цели.

Лав
Претставниците на знакот Лав се познати по нивната голема самодоверба и навика да претеруваат и преувеличуваат се. Со што и да се занимава Лавот, верува дека е најдобар во тоа. Потребно му е внимание од другите, и тоа во неограничени количини. За него е важно другите да му зборуваат дека им е неопходен. Поради сето ова, дури и уште како млади, тие стануваат крајно арогантни.

Јарец
Овој знак се сака само себеси и мисли дека тој е единствениот кој е секогаш во право. Ако почне да се сомнева во својата одлука, одеднаш ќе дојде до заклучок дека сите други освен него се виновни за неговата грешка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.