Претседателот на Јувентус ја спореди Премиер лигата со проектот кој не се реализира – европската Суперлига.

– Бурната реакција на меѓународните организации на здружението на клубови – од кои некои беа исплашени – ве тера да размислувате. За да поддржите тужба, треба да бидете сигурни. Смирено и спокојно ќе ја чекаме одлуката на Европскиот суд. Дијалогот со Чеферин е прекинат. Можеме да разговараме за форматот на Лигата на шампионите, но треба да зборуваме за управувањето со фудбалот. Она што многу луѓе не го сфаќаат – и тоа не е само проблем на Италија – е дека ние веќе имаме Суперлига. Тоа е англиската Премиер лига. Талентите одат таму каде што се најдобро платени. Премиер лигата заработува 4,2 милијарди евра годишно и полека го одзема целиот фудбалски талент. УЕФА очекува пет милијарди евра да бидат исплатени во следната сезона во Лигата на шампионите. Па сега видете колку ќе добијат Италија, Франција или Шпанија, изјави Андреа Ањели.

Јувентус заедно со Реал и Барселона се клубовите кои силно беа заинтересирани за почеток на проектот Суперлига кој не заживеа по големиот број реакции на фудбалската јавност од целиот свет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.