Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) денеска предупреди дека конфликтот во Украина веројатно ќе го отежне пристапот до храна и гориво.

Во извештајот на Конференцијата се наведува дека првичните проценки укажуваат на „значително намалување“ на пристапот до храна и гориво, и покрај напорите да се спречат прекините во синџирот на снабдување со клучните производи, како што е пченицата.

Се додава дека околу 25 африкански земји, особено најнеразвиените, се потпираат на увозот на пченица од Русија и Украина.

Зголемените трошоци за транспорт на житариците и другите основни прехранбени производи, исто така, ги зголемуваат цените, што најмногу ги погодува најсиромашните земји.

Недостатокот на слободни капацитети во Африка ја ограничува способноста на овие земји да ги надоместат сите изгубени залихи, додека зголемените трошоци за ѓубрива ќе бидат дополнителен товар за земјоделците, се заклучува во извештајот на УНКТАД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.