Осумнаесет годишно момче ноќеска во Тетово бил приведен затоа што одбил да се идентификува пред полициски службеници. Според информацијата на СВР Тетово кај него бил пронајден метален боксирач.

Ноќеска дваесетина минути по полноќ, во централното подрачје на Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 18-годишниот тетовец В.Л., кој одбивал нивна наредба и не поседувал никакви документи за идентификација и кај кого бил пронајден метален боксирач. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 80 од Законот за оружје, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од СВР Тетово информираат дека е повикан во полициска станица 45 годишник од Долно Палчиште кој бил пријавен дека на улица „Илинденска“ во Тетово се обидел физички да го нападне и му се заканувал на дваесет и деветгодишенин жител на Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.