Каква е процедурата за човек да стане конзул некаде? Се пријавуваш на конзул-фест? Талент шоу „кој сака да биде конзул?“ Еве на пример јас немам дипломатско искуство и не сум бил конзул никаде, освен кога сме играле народна. Плус сум бил едно трипати во Битола, градот на конзулите. Еднаш за малку Варош ќе појдев. Знам Виндоуз 3.11, 95, 98, Виста, Милениум Едишан, ХП… знам да принтам на HP и Xerox, и матрично и ласерски. Возам и автоматик и со мењач, можам да отворам пиво со упаљач, вилушка и бонсек, имам изедено три донери со ред, сум пеел во Маракана, го имам свртено Стрит Фајтер со Бланка (плав), менувам чорапи доста често и знам да говорам дипломатски како Димитров без да повратам во процесот.
Дали сум конзул материјал? Имаме ли конзулат во Барселона? Спаваш ли мирно МНР?, пишува на Фејсбук, Богдан Илиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.