Научниците идентификуваа можна причина зошто инфекцијата со омикрон е поблага од другите варијанти на коронавирус.
Истражувањата покажаа дека омикронот е почувствителен на имунолошкиот одговор на луѓето отколку на делта сојот, објавија истражувачите од Германија и Велика Британија.
Нашата студија за прв пат објасни зошто инфекциите со омикрон имаат помала веројатност да предизвикаат тешка болест, рече Мартин Михаелис од Одделот за бионаука на Универзитетот во Кент, чиј тим ја спроведе студијата во Универзитетската болница во Франкфурт.
Омикрон, за разлика од делта, се чини дека не успева да ги спречи заразените клетки да произведуваат и лачат интерферон, природен протеин одговорен за имунолошкиот одговор присутен во сите човечки клетки“, велат тие.
Инфицираните клетки произведуваат интерферон. Едноставно кажано, овие супстанции служат како гласници кои, меѓу другото, ги информираат другите клетки за присуството на вирусот. Според ова истражување, делта се покажала како „поуспешна“ од омикрон кога станува збор за способноста на клетките да го блокираат производството на интерферон.
Интерферонот е важен за неспецифичен имунолошки одговор, односно за многу брза и поопшта реакција на имунолошкиот систем во борбата против патогените. Неспецифичен имунолошки одговор треба да се разликува од специфичен имунолошки одговор на кој му е потребно подолго време за да се активира. Специфичен имунолошки одговор произведува антитела кои постојат за да се борат против одреден патоген.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.