И болни и здрави на удар од пеколните горештини. Десетина колапси дневно евидентираат во скопската брза помош овој топол период. Утринава се онесвестила млада девојка а друга паднала од мотор најверојатно поради губење на концентрацијата. Кога веќе излегуваат да не бидат гладни и жедни, велат лекарите предупредувајќи дека дехидратацијата може да биде сериозна здравствена закана.
-Седум до осум а некогаш и повеќе колапси дневно. Сега што е причината…кај младите најверојатно што не јаделе доаѓа до дехидрирање и трба тешности…секогаш при рака ако се во можност да имаат вода, ако почувствуваат главоболка, вознемиреност, да се засолнат на сенка или во климатизирана просторија ако има услови, вели д-р Ирина Манчевска Настовска од Брза Помош Скопје.
Денеска екипа од скопската брџза помош интервенирала и кај лице со епилепсија кое поради топлото време добил напади во надворешни услови. Лекарите велат хронично болните се посебно погодени од горештините и затоа треба да ги почитуваат препораките на лекарите за летниот период.
-Кардиоваскуларните болни, оние со респираторни заболувања се погодени од овие високи температури и затоа ги советуваме да не излегуваат кога е топло, редовно да ја пјат терапијата, да се разладуваат, исто така и лицата со невролошки заоблувања се погодени од горештините, вели д-р Настовска.
Пеколните температури доведуваат и до хипогликемија односно нагло паѓање на шеќерот во крвта а симптомите се слични како и кај мозочен удар. Лекарите велат најдобра прва помош за оваа состојба е лажичка мед се додека дојде лекарска екипа.
Скопската Брза Помош овој период има од 300 до 400 јавувања и стотина интервенции дневно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.