Независниот синдикат на здравствени работници при Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија по примерот на склучените колективни договори во неколку други државни институции бара покачување на 30% на августовската плата и за вработените во здравството.

Од овој Синдикат потенцираат дека најавеното зголемување за 10% е несоодветно и срамно кога станува збор за хероите на пандемијата.

-Со ваквиот пристап се врши дискриминација на здравствените работници и административниот персонал вработен во јавното здравство. Недозволиво е медицинска сестра и лаборант да имаат почетна плата од 20.700 ден. Дали економистите и правниците кои работат во јавното здравство се дискриминирани со новите постигнати договори во УЈП и МФ, а според информациите со кои располагаме планирано е вакви договори со покачување од 30% ќе постигнат и други државни институции. На овој начин продолжува демотивацијата на здравствените работници, а Владата директно сочествува во масовното заминување на стручен кадар од јавното здравство на штета на пациентите и целиот здравствен систем, додаваат од Независниот синдикат на здравствени работници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.