Здравата исхрана е важна за управување со тежината. A пак, појадокот, во таа смисла, важи за најважниот оброк во денот, којшто влијае на човековиот метаболизам и нивото на енергија. За луѓето со над 40 години, високо-протеинска, а ниско-калорична храна наутро може да биде особено корисна.

Протеините се клучни за градењето мускули и губењето маснотии, бидејќи поттикнуваат ситост, обновување и зајакнување на мускулите и помагаат за здрав метаболизам. Д-р Рејчел Лоу од Лондон, Велика Британија, говорејќи за женското списание „Шифајндс“ (SheFinds), посочи три одлични опции за појадок за оние во петтото десетлетие од својот живот, па нагоре, коишто може да придонесат за губење на тежината и поцврсто мускулно ткиво.

Процедениот јогурт е моќен појадок што нуди приближно 10 грама висококвалитетни протеини на порција од 100 грама.

Тој, исто така, е богат со калциум и пробиотици, коишто се клучни за добро здравје на цревата. За да ги подобриме придобивките од сѐ тоа, можеме да го мешаме со свежо овошје како што се бобинки, јаткасти плодови или семиња за да додадеме влакна и здрави масти, вели Лоу.

Јајцата се одличен извор на протеини, со околу шест грама во големо јајце.

Јајцата се многу богати со витамини и минерали, како што се витамините Б и холин, а тие се неопходни за мускулната функција и метаболизмот. Без разлика дали ги сакаме изматени, пржени или варени, јајцата се фантастичен начин да го почнете денот, објаснува Лоу.

Свежото сирење е уште еден млечен производ богат со протеини – содржи околу 11 грама протеини на 100 грама сирење. Има мал дел масти и висок удел на казеин-протеинот што се вари полека, поради што нѐ држи сити подолго време. Лоу предлага овие намирници да се комбинираат со овошје или тост од цело житно зрно за урамнотежен оброк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.