Уште сме во сезоната на празници, но веќе влеговме во јануари – најтешкиот месец за многумина. Студеното време, кратките денови и високите трошоци се дел од причините поради кои луѓето не го сакаат овој месец. Тереза Оуен, директорка за јавно здравје при Универзитетот „Бетси Кадваладр“ споделува неколку совети како полесно да го поминете овој месец.

Максимално искористете ја дневната светлина

Иако времето е студено, а често надвор има и магла, оние ретки денови кога е сончево треба да бидат максимално искористени. Излегувањето на сончева светлина ќе направи да се чувствувате добро и ќе ви даде енергија. Изложеноста на природна светлина го зголемува нивото на серотонин во мозокот, што го подобрува расположението.

Вежбајте

Еден од најдобрите начини за подобрување на благосостојбата и расположението е вежбањето. Кратка прошетка со пријателите може да биде доволна да се чувствувате подобро.

Правилна исхрана

Исхраната влијае врз расположението. Кога не сте расположени, почесто јадете лоша храна, јадете малку или премногу. Правилната и балансирана исхрана може да направи чуда за расположението.

Доволно сон

Недостигот на сон може да има негативно влијание врз менталното здравје и може да ве направи нервозни или анксиозни.

Идентификувајте ги грижите

Обидете се да откриете што ве прави тажни или анксиозни. Споделувањето на емоциите со најблиските може да биде првиот чекор кон решавање на проблемот.

Читајте добри книги

Читањето од задоволство е одличен начин да не мислите на она што ве загрижува. За време на празниците веројатно имате и повеќе време за читање.

Бидете добри кон себе

Многу луѓе си поставуваат нереални новогодишни одлуки и потоа се чувствуваат лошо кога не може да ги постигнат. Не заборавајте да забавите и да издвоите време за себе.

Исклучете ги уредите

Постојаната поврзаност со технологија може негативно да влијае врз расположението. Исклучете ги електронските уреди барем 90 минути пред да заспиете. Тоа ќе ви помогне да се релаксирате и добро да се наспиете.

Научете нешто ново

Направете нешто ново. Пријавете се за курсот на кој одамна мислите. Поправете го велосипедот. Научете нов рецепт или како да свирите на музички инструмент. Учењето може да направи да се чувствувате подобро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.