Вработените од Здравствен дом Скопје останаа без здравствено осигурување, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Според нивните информации станува збор за околу 1400 вработени: доктори, медицински сестри и помошен технички персонал.

Без здравствено осигурување се сите вработени во Здравствен дом Скопје меѓу кои доктори, медицински сестри и сиот персонал од оваа ЈЗУ и станува збор за околу 1400 вработени. Ова е уште еден показател за нула грижата кон хероите на здравствениот систем кои иако плаќаат здравствено осигурување сега остануваат без истото, a ова e законско загарантирано право. Одговорност за оваа негрижа бараме од двајцата директори на ЗД Скопје“, пишува на постот на фејсбук страната на Комисијата.

Медицинските лица коментираат дека ова е недозволиво во ситуација на одлив на медицинскиот кадар од земјава.

Во рамки на Здравствениот дом Скопје се поликлините Бит Пазар, Идадија, Драчево, Шуто Оризари, Ченто, Букурешт, Јане Сандански, Чаир, Ѓорче Петров, и Итната медицинска помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.