Во спиналниот центар на клиниката за трауматологија при Клинички центар Скопје, минатата недела беа изведени четири операции на ‘рбетен столб кај деца со сколиоза кои што биле на листата за упатување во странство.
Тим од странски експерти од Турција предводен од проф. Уфук Ајдинли ги операции во рамките на едукативната мисија која што остварува во соработка со клиниката за Трауматологија.
Проф. Ајдинли заедно со раководителот на Трауматологија д-р Игор Мерџановски ги изведоа овие оперативни зафати.
Двајца пациенти биле подолго време со вродено заболување ‘рбетниот столб и долго време биле на листата на чекање. Кај третата пациентка е направен првпат оперативен зафат за третман на искривување на ‘рбетниот столб кифоза и тоа со задна ресекција на пршленско тело со стабилизација и корекција. Со оваа операција се овозможи пациентката да се врати во нормален живот.
Последниот пациент е момче кое што веќе еднаш било оперирано во странство на вратен ‘рбет и поради комплексноста на операциујата и системот кој што е вграден имаше потреба повторно да се упати на операција во странство.
Покрај оперативните интервенции прегледани беа 15 пациенти кои што ќе бидат третирани во нашата земја. Посебна важност е дадена на пациентите кои што имаат туморски заболувања на ‘рбетниот столб.
Пренесувањето на доктрините и соработката на УК Трауматологија од спиналниот центар при ТОАРИЛУЦ продолжува во насока на праќање на наши хирурзи и неврофизијатри на престој и обука во еминентни болници во Турција.
Од голема важност е заштедата на ресурси која што е направена при овие интервенции и прегледи, особено за семејствата на пациентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.