Светската здравствена организација соопшти дека нема „непосредна закана“ за европскиот регион од појава на СОВИД-19 во Кина, но потребни се повеќе информации.
Австралија и Канада веќе воведоа правила за тестирање COVID-19 за патниците од Кина. А САД, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и неколку европски нации, најавија построги мерки за СОВИД-19.
Во Романија веќе се регистрирани два нови случаи на „Кракен“, новиот позаразен подвид на омикрон, најопасната варијанта на корона вирусот. Тоа е најпреносливиот и најзаразниот вид што научниците некогаш го откриле.
Значи, научно, во овој момент не постои непосредна закана за европскиот регион, врз основа на информациите што ги имаме од Кина, бидејќи варијантите што циркулираат во Кина се оние што циркулираат и во Европа. Сепак, важно е да се заштити довербата во јавното здравје кај населението, значи, како што изјавив, ние навистина признаваме дека голем број земји, врз основа на принципот на претпазливост, спроведуваат некои мерки додека очекуваме да бидат споделени повеќе информации, достапни во јавните бази на податоци. Но, многу е важно тие мерки, тие мерки на претпазливост, да се засноваат на науката, да бидат пропорционални и особено, да не бидат дискриминаторски, рече Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.