Националниот систем „Мој термин“ на барање на Македонското лекарско друштво (МЛД) ќе воведе поле „женско здравје“ каде што лекарот кој ја прегледува пациентката може да ги види на едно место извештаите од гинеколошките испитувања, како и прегледите на дојка, ехо, момографија.

– На наше барање во електронското досие на пациентките ќе биде додаден посебен дел кошто ќе се нарекува „женско здравје“ каде што лекарот кој што ја прегледува пациентката може да ги види на едно место извештаите од гинеколошките испитувања, како и прегледите на дојка, ехо, момографија и во тек е дополнување на овој модул со секција за следење на ХПВ статусот на секоја жена и каков е незјиниот вакцинален статус, изјави проф. д-р Горан Димитров, претседаттел на МЛД.

Од 23 до 29 јануари се одбележува Недела на борба против ракот на грлото на матката. На прес-конфернецијата што беше организирана од страна на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Македонското здружение на радиолози и Македонското здружение за патологија (членки на МЛД) беше истакнато ХПВ тестирањето е статистичка метода со која се покажува дека практично жената којашто има високоризичен тип носи оргромен ризик да има преканцероза и на тој начин рано се открива и се лекува, со што се спречува да дојде до инвазивен рак.

На 100 000 жени на годишно ниво, според податоците од последните неколку години, 20-21 заболуваат од рак на грло на матка, што е доста висок процент. Потребно е подигање на јавната свест за што посмасовна ХПВ вакцинација кај девојчињата и ХПВ примарен скрининг кај жените на возраст од 25 до 65 години.

Примарен ХПВ скрининг – тоа значи дека на почетокот на одредена популација се земаат примероци од грло на матка и се тестираат за присуство на ХПВ вирусот следено со негова генотипизација односно одредување на гентипот на вирусот, односно дали се работи за ниско или високо ризичен, наведе професорот Рубенс Јовановиќ.

Тој појасни дека веќе повеќе европски земји практикуваат примерен ХПВ скрининг, со тоа што скринингот се спроведува кај жените на возраст од 25 до 65 години и додаде дека е утврдено во тој скрининг да не спаѓаат жените од помладата возрасна група од 21 до 25 години бидејќи бројот на инфекции кај таа возрасна група е голем и анализите покажуваат дека најголем дел од тие инфекции спонтано ќе се елиминираат и само во помал процент вирусот ќе премине во интегративна фаза.

Професорот Јовановиќ истакна дека на здравствените власти им е даден предлог за спроведување на примарен ХПВ скрининг.

Доколку нашиот здравствен систем тргне со примарно ХПВ тестирање треба да повнимаваме тоа да се одвива по строги протоколи, со строги тестови, бидејќи од повеќе од 480 тестови достапни на пазарот само 14 се валидирани, а само четири се одобрени од Американската агенција за храна и лекови. Ќе треба многу да се внимава, бидејќи многу е битно, доколку се одлучиме за ваков тип на примарен скрининг, сите лаборатории коишто ќе бидат инволвирани во тој скрининг да користат иста методологија и исти тестови за да имаат компарабилни резултати, нагласи Јовановиќ.

Во однос на вакцините на прес-конфернецијата беше истакната дека процентот на вакцинирани не е доволен и оти мора да се подигне јавната свест за ХПВ вакцината. Деветовалентната вакцина, се смета за откритие на 21 век.

Професорката Александра Гроздановска посочи дека се објавуваат многу дезинформации во однос на вакцините.

ХПВ вакцината е една од најпосебните вакцини бидејќи станува збор за вакцина којашто покрај тоа што делува на инфективно заболување, а тоа е ХПВ инфекцијата, превенира развој на карционом, потенцираше Гроздановска.

Таа додаде дека ракот на грло на матка е втор по карциномот на гради и дека најдобро е да се превенира.

Гроздановска наведе дека државата нуди ефикасната и достапна вакцини за која треба да се подигне свеста кај родителите и девојките кои се од 12 до 15 годишна возраст да се вакцинираат.

Докторката Виолета Клисарова го објасни методот на лекување на различни типови на кационом на грло на матка и посочи дека постојано се надградува и модернизира начинот на лекување.

Професорите на прес-конференцијата ги претставија и придобивките кај земјите кои вовеле примарен ХПВ вирус како и од примената на ХПВ вакцината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.