Во Градската општа болница „8 Септември“ веќе две години деноноќно се лекуваат пациенти со Ковид-19. Ова беше повод за денешната посета на министерот Беким Сали на оваа установа, која веќе две години, функционира како ковид-центар, објави на својата фејсбук страница Министерството за здравство.
Од оваа перспектива, може да се каже дека ГОБ „8 Септември“ изминатиот период се соочи со исклучително голем предизвик на кој успешно одговори и со полн капацитет, имајќи предвид дека установата е комплетно опремена и подготвена за вршење целосен дијагностички и терапевтски третман, со најсовремена медицинска опрема и обучен стручен кадар. Во континуитет се зајакнува капацитетот на установата, така на пример, од социо-економскиот грант од Амбасадата на Јапонија во вкупна вредност од 813 илјади евра е обезбедена нова медицинска опрема за пост ковид третман на пациенти, а до крајот на годината ќе следи и дополнително зајакнување во овој сегмент, рече министерот Сали.
На средбата директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов информираше дека годинава се извршени 36.000 прегледи во трите инфективни амбуланти и во тријажниот центар на пациенти позитивни на Ковид-19 или суспектни на вирусот.
Во изминатите месеци во болницата биле хоспитализирани 7 000 ковид позитивни пациенти. Во рамки на третманот и лекувањето на овие пациенти се извршени 17.600 биохемиски анализи и 21.100 крвни анализи на трансфузиологија (хемостаза со Д Димери), информираат од Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.