Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ прашува кој ќе сноси одговорност за нерегуларностите кои се констатирани при исплатата на платите на економските директори, како и за исплатата на дежурствата на докторите со оглед на тоа што клините немаат одобрение од Министерството за здравство за дежурства.

1️⃣3️⃣ дежурства месечно на медицински директор од хируршките клиники.
☑️Нерегуларности при исплата на плати на економски директори.
☑️ Нерегуларности во исплата на дежурства на доктори, дежурства на медицински директор и за време на патување
0️⃣ преземени мерки по вонредните контроли во 3️⃣3️⃣клиники од ФЗОМ наспроти овие констатитирани нерегуларности️
⁉️Наместо одговорност, МЗ и ФЗОМ си ја префрлуваат одговорноста и на толку советници, координатори, заменици координатори, помошници заменици нема кој и по 2 месеци да изготви заклучоци и правни упатства од извештаите, кои се клучни за преземање мерки
❓Јавноста чека одговор кој ќе сноси одговорност за нерегуларностите кои се констатирани при исплатата на платите на економските директори, како и за исплатата на дежурствата на докторите
❓Кои правни постапки се покренати по овие сериозни злоупотреби на Клиниките
👉Клиниките немаат ниту одобрение од Министерството за здравство за дежурства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.