Дали Ургентниот центар во ГОБ “8 Септември” не функционира? Ова прашање го постави Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. На фејсбук страницата на Комисијата тие излегоа со тврдење дека пациентите се упатуваат да побараат помош на друго место без да бидат прегледани во градската болница.
Работи ли вечерва Ургентниот центар во ГОБ “8 Септември” и зошто се препраќаат пациентите без да ја добијат здравствената услуга?
❗️Вечерва пациенти реагираат дека се оневозможени да добијат здравствена услуга со наводно образложение дека има насока и Итната медицинска помош да не носи тука пациенти
❓Прашуваме:
1. Дали се точни информациите дека вечерва ГОБ “8 Септември” е без функционален Ургентен центар?
2. Каде да се упатуваат пациентите и која е причината за оваа нефункционалност?
3. Дали апаратот за комјутерска томографија е надвор од функција повеќе од еден месец и како тоа влијае на листите за чекање кои и без тоа се долги?
4. Колку време се чека за хируршка интервенција во оваа установа каде исто како и во другите здравствени установи се потешко се стигнува до здравствена услуга?
5. Зошто и по повеќе од 10 сечења ленти и промоции уште не е во функција онколошкиот оддел во оваа установа која е уште еден пример за неработење, негрижа и уназадување на јавното здравство, заради лошото менаџирање, иако установата е столб на секундарната здравствена заштита – запраша вечерва Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.