Утре започнува меѓународно акредитираниот Конгрес, на кој ќе присуствуваат светски познати експерти од областа на денталната имплантологија, а кој ќе се одржи во Скопје, во хотел Хилтон од 19- ти до 20-ти април.

На Конгресот ќе земат учество врвни стоматолози, орални и максило-фацијални хирурзи од целиот свет. Во рамките на Конгресот, ќе се изведе за прв пат сложен оперативен зафат на пациент – транспозиција на нерв, а видео преносот ќе се емитува во живо, пред пошироката стручна јавност, односно учесниците на Конгресот.

Професор д-р Мазен Тамими, максилофацијален и орален хуирург од САД, роден во Јордан ќе го предводи зафатот и ќе демонстрира комплексната хируршка техника.

Во Скопје ќе ја презентирам техниката за транспозиција на нерв, која е многу важна и во многу случаи единствено решение кај пациентите со губиток на заби и прилично атрофирана долна вилица, вели д-р Тамими.

Дигиталини трендови во стоматологијата и нови концепти во имплантологијата се секако дел од темите кои ќе ги покрие овој Конгрес. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање на напредна хируршка техника во делот на имплантологијата.

На Конгресот се очекуваат учесници од Европа, Америка, Азија, Африка како и еминентни доктори од Македонија.

За прв пат учесниците на конгресот ќе добијат CME европски кредит поени и меѓународно акредитиран сертификат.

Конгресот e во организација на Schuetz Dental GmbH од Германија, Велидент Трејд и IMPLA Study Club од Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.