Тимот доктори од Клиника „Жан Митрев“ предводен од д-р Живорад Коцевски, пластичен хирург, отстранија тумор од пациент со големина од 35 килограми и 85 сантиметри. Туморната формација, за која анализата покажа дека е бенигна, беше во предел на долниот дел од абдоменот. По направената операција и успешното отстранување на туморот, пациентот е добар и се следи неговото опоравување.
Ова е многу редок случај, да се прифати и успешно да се извади тумор со ваква големина, а за докторите од Клиника Жан Митрев, претставува револуционерен оперативен зафат со којшто се спаси животот на пациентот откако беше одбиен за операција од повеќе клиники.
Досега во медицинската пракса во земјава не е направена операција за отстранување на туморска формација со ваква големина, а медицинската литература опишува третирање на вакви маси до 40 сантиметри должина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.