Експертите ги препорачуваат трите најздрави видови зелен зеленчук, кои дефинитивно го заслужуваат своето место во вашата чинија.
Спанаќ
Овој зеленчук е богат извор на железо, калциум и голем број на витамини. Една од најважните карактеристики на спанаќот е тоа што ефикасно се бори против ракот на простата, најефикасен од сите други видови зелен лиснат зеленчук.
Доколку спанаќот се консумира како варен, се препорачува готвењето да не трае подолго од една минута, за да се задржат сите лековити својства на ова растение. Спанаќот е исто така одличен сиров, во форма на салата.
Блитва
Блитвата е еден од најздравите видови зеленчук, а повеќето луѓе ја сметаат за вкусна. Тој е одличен извор на витамини А и Ц. Богат е со железо и многу влакна. Научниците докажаа дека блитвата го штити здравјето на срцето, очите, дигестивниот систем и ја намалува зачестеноста на главоболките.
Блитвата се вари од три до пет минути за да не ги изгуби лековитите својства.
Кељ
Богат е со витамини А, Ц, К и Б6. Исто така е одличен извор на магнезиум и калциум.
Неговите антиоксидантни својства го намалуваат нивото на слободните радикали во телото и го намалуваат ризикот од разни болести, вклучително и некои видови на рак. Кељот ќе го намали лошиот холестерол и ќе го намали ризикот од кардиоваскуларни болести, но и ќе го заштити здравјето на вашите очи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.