Чистењето или детоксикацијата на организмот е задолжителен процес кој мора да го правиме за да го зајакнеме организмот и да ги исфрлиме сите токсини од организмот, посебно по прележан ковид и употреба на повеќе медикаменти.
Поради тие причини потребно е да го детоксицирате вашиот организам и да ги исчистите белите дробови и црниот дроб со природни препарати и намирници. Постапката е едноставна, а овие намрници ги има речиси во секоја кујна.
Лук
Лукот е богат со алицин и селен и поттикнува произведување на важни ензими за црниот дроб кои придонесуваат во елиминацијата на токсини во организмот. Оваа намирница делува и противвоспалително, па помага при астма, а воедно го намалува ризикот од појава на канцер на бели дробови.
Освен тоа, употребата на лукот го намалува развојот на кардиоваскуларни заболувања, како што се зголемен холестерол, лош холестерол, спречува настанување тромб итн.
Ѓумбир
Ѓумбирот содржи висок процент од витамините Ц и Б, магнезиум, бакар, манган и други минерали. Благодарение на високата концентрација на гингерол, овој егзотичен зачин придонесува во детоксикацијата на организмот.
Неговите ензими помагаат во отстранување на собраните токсини во црниот дроб. Исто така, докажано е дека ѓумбирот поволно делува на оштетениот црн дроб затоа што ја намалува отпорноста на инсулинот и може да спречи воспаленија. Ѓумбирот ја стимулира циркулацијата во крвта, а со самото тоа придонесува и во детоксикацијата на организмот.
Куркума
Куркумата има моќно антиоксидантско својство, но и антибактериско, антивирусно и антиканцерогено. Овој зачин со карактеристичн вкус и изразено жолта боја помага во полесно разградување на маснотиите во организмот.
Досегашни студии покажале дека куркумата помага и во отстранување на притисокот од белите дробови кој настанува како резултат на долгогодишно пушење цигари, намалувајќи го ризикот од белодробни заболувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.