Пациетите ќе се лекуваат во стар ургентен центар на Клиниката за токсикологија иако долго време е затворен за да се реновира, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму обвинуваат дека темелното реновирање завршило со молерисување на пет болнички соби и неколку помошни простории, различен распоред на просториите, реновирани два санитарни јазли и други поситни зафати, за што биле потрошени 195.000 евра.

УК за токсикологија ја предводи хирург наместо специјалист доктор по интернистичка гранка, на кој во јуни 2022 година му е истечен мандатот како вд. директор. На оваа Клиника има нови 16 вработувања, каде спротивно на балансерот 13 се Албанци
Тие работат без никакви договори, а се плаќаат со одлука на Управен одбор и месечно од буџетот се одлеваат околу 400.000 денари
Вработени во УК за токсикологија без соодветен статус на Клиниката манипулираат меѓу другото и со персоналните досиеја на вработените
Заради ваквиот паушален и несериозен пристап како кон здравствените работници, така и кон пациентите потребно е да се преземе одговорност и заминување од директорската функција со цел да престане нанесувањето штета на здравствениот систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.