Македонското лекарско друштво додели Признание за највисоко рангиран научно-истражувачки труд од областа на медицина за 2022 година на тимот на доцент доктор Владимир Рендевски од Медицинскиот и Природно-математичкиот факултет во Скопје.
По повод светскиот ден на здравјето, 7-ми април, македонското лекарско друштво, на денешниот настан организиран под мотото ,,Здравје за сите“, на мултидисциплинарниот научно-истражувачки тим: Доц. д-р Владимир Рендевски, Асс. м-р Борис Алексовски, Д-р сци. д-р Ана Михајловска Рендевска, Проф. д-р Никола Хаџи-Петрушев, Асс. д-р Благој Шунтов, Проф. д-р Ненси Манушева и Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, од Медицинскиот факулет Скопје и Природно-математичкиот факултет во Скопје, им додели признание за највисоко рангиран наулно-истражувачки труд од областа на медицината за 2022 година.
Во тек на минатата година, тимот предводен од доктор Рендевски го објави трудот „Воспалителни и оксидативни стрес маркери во интрацеребрална хеморагија: Релевантност како прогнозирачки маркери за квантификација на волуменот на едемот“ (Inflammatory and oxidative stress markers in intracerebral hemorrhage: Relevance as prognostic markers for quantification of the edema volume), објавен во меѓународното медицинско списание „Бреин патолоџи“ (Brain Pathology), со импакт фактор 7.611.
Во научниот труд се презентирани напредни математички модели со кои, врз база на одредени биохемиски, радиолошки и клинички параметри, се врши нумеричко предвидување на волуменот на мозочниот едем, кај пациентите со хеморагичен мозочен удар. Во истиот труд е прикажан и апликативен софтверски пакет кој има можност после внесување на наведените параметри, да генерира бројчана вредност на предвидениот резултат, како и да го направи 3Д-моделирање на истиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.