Министерот за здравство Арбен Таравари денеска повтори дека е направен лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете кое почина на 5 октомври и дека мора да се преземат одредени мерки.

Како Министерство испративме до Лекарската комора препораки за одредени мерки што треба да се преземат. Нашата цел е да воочиме дека превид може да направи секој, тука е направен професионален превид. Не сум за казнување или отстранување од работа, меѓутоа одредени мерки мора да се преземат – вели Таравари, додавајќи дека со директорката на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“ се нема слушнато.

Девојчето почина на Детската клиника откако претходно било одбиено за хоспитализација на оваа Клиника и родителите го однеле во болницата „Козле“. Комисијата при Министерството за здравство на 14 октомври го објави извештајот од стручниот надзор во кој меѓудругото стои дека на Детската клиника при вториот преглед извршен на 3 октомври е направен превид во проценката за потреба од хоспитализација на детето, а во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.