Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информира дека акцелераторот во Штип воопшто не е користен, ниту е распакуван. Не е лошо, истакна Таравари, да се размисли дали може акцелераторот да се стави во употреба каде било.
Вчера бев во штипската Болница, го прашав раководството каде е апаратот. За жал, апаратот сè уште не е во Штип, се чува некаде, најверојатно уште не е распакуван и воошто не е користен. Не е лошо да се размислува за идејата дали може да се стави во употерба каде било, зашто воопшто не е користен. Таму бункерот не е среден за да се распакува апаратот кој не е ни отворен, рече министерот, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.