Некои луѓе повеќе сакаат лековите да ги земаат во комбинација со сок, особено ако се работи за лекови со непријатен вкус. Фармацевтката предупредува дека не секој сок смее да се пие со лекови. „Особено внимание треба да се посвети на сокот од грејпфрут бидејќи тој може да стапи во интеракција со многу лекови. Се прашувате како? Лековите во нашиот црн дроб и тенкото црево ги преработува специјализирана група на ензими наречени цитохром П450. Нивната улога е да го разградат лекот и да ја намалат неговата концентрација во крвта. Грејпфрутот пак е богат со соединенија кои се нарекуваат фуранокумарини кои ја нарушуваат нормалната функција на споменатите ензими. Успорениот начин на кој цитохромот П450 нормално ги разградува лековите во цревата и црниот дроб, грејпфрутот од друга страна пак може да ги зголеми несаканите ефекти од овие лекови, бидејќи ја нарушува работата на овие ензими па така концентрацијата на лековите во крвта ќе остане висока“.
Една чаша сок од грејпфрут е доволна да ја смени ефикасноста на лекот. Ефектот на сокот трае неколку дена, што значи дека консумирањето на сокот од грејпфрут неколку часа пред и по земање на лекови не прави никаква разлика, па така сокот од грејпфрут не се препорачува за комбинирање со лекови, вели фармацевтката.
Обичната и газираната вода се безбеден избор за консумација со лекови, а со сокот од грејпфрут мора да се внимава па така ако сте негов љубител прво консултирајте се со вашиот фармацевт дали сокот ќе влијае врз вашите лекови.
Comments are closed for this post.