Националната алијанса за ретки болести на Македонија (НАРБМ) со панел дискусија ќе го одбележи 29 Февраури, Светскиот ден на ретки болести на 29 февруари. Панелот ќе се одржи во во просториите на Граѓански ресурсен центар (ГРЦ) во 10 часот.
Ќе се дискутира за моменталната состојба на лицата со ретки болести и нивните семејства, како и потребите за системски решенија прку усвојување на Стратегија за ретки болести со акциски план со точно дефинирани области на делување (здравство, труд и социјала и образование) како и буџет за спроведување на планираните мерки и активности.
На настанот се поканети да учествуваат претставници на здруженија на пациенти со ретки болести, пациенти и членови на семејства, доктори, членови на Комисијата за ретки болести, претставници од Министерствата за здравство, труд и социјлна политика, образование и наука, Фондот за здравствено осигурување и други засегнати институции. Поздравниот говор ќе го одржи сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.