Меѓународно акредитиран конгрес, со светски познати имиња од областа на денталната имплантологија ќе се одржи во Скопје, во хотел „Хилтон“ од 18 до 20 април. На конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од целиот свет.

Дигитализација во стоматологијата и нови трендови во имплантологијата се само дел од темите за кои ќе се говори на Конгресот. Конгресот предвидува практичен, теоретски дел и презентирање на напредна хируршка техника во делот на имплантологијата. На Конгресот се очекуваат учесници од Европа, Америка, Азија и Африка.

Еминентни доктори од Македонија исто така ќе земат активно учество: Д-р Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантологог, д-р Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Недим Касами, максилофацијален хирург и имплантолог, д-р Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, д-р Диана Бојковска, орален хирург и имплантолог.

За прв пат учесниците на конгресот ќе добијат CME европски кредит поени и меѓународно акредитиран сертификат.

Конгресот e во организација на Schuetz Dental GmbH од Германија, Велидент Трејд и IMPLA Study Club од Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.