Сите пациенти со цистична фиброза над 12 годишна возраст, погодни за модулаторна терапија, ќе го добијат лекот „трикафта“ во текот на април, терапија која е најсовремена за третман на оваа болест, кажа денеска на брифинг со новинарите директорката на Клиниката за детски боелсти доц. д-р Валентина Цвејоска Чолаковска.

За трпеливоста и разбирањето, Клиниката за детски болести посебно се заблагодарува и на Здружението на пациенти со ЦФ, со коешто имаат одлична соработка, кажа д-р Цвејоска Чолаковска.

Заврши постапката за набавка на „трикафта“, која беше спроведена преку јавна набавка. Во овој процес беа вклучени сите релевантни институции, како што се Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Бирото за јавни набавки и Клиниката за детски болести, кои што со сите капацитети се вклучија процедурата да ја направат брза и ефикасна, на задоволство и на пациентите со ЦФ и на лекарите кои ја третираат оваа најчеста ретка болест, кажа директорката на Клиниката за детски болести.

Терапијата со „трикафта“ во Македонија е достапна од минатата година и според докторите, има исклучително позитивен ефект на терапијата кај овие пациенти.

Д-р Цвејоска Чолаковска информираше дека хормонот за раст, Фондот за здравствено осигурување, како и секоја година, така и оваа, одобрува средства за негова набавка за сите пациенти кои се со индикација за терапија, одредена според протоколи од страна на лекарите од Ендокринолошкиот оддел на нашата Клиника.

Во моментов има деца кои се во постапка на дијагностика и не можеме да зборуваме за листа за чекање. Затоа што, листата за примање на хормонот е динамична, таа постојано се ревидира, што значи дека пациентите кои завршуваат со терапијасе исклучуваат, а се вклучуваат нови пациенти, изјави д-р Цвејоска Чолаковска.

Во контекст на биолошката терапија, Фондот за здравствено осигурувањеконтинуирано обезбедува и биолошка терапија за сите пациенти – задецата со ревматоиден артритис и кронова болест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.