Внесувањето доволна количина на вода е од пресудно значење за доброто функционирање на целиот организам. Меѓутоа, малкумина знаат дека количината на течности што ја пиеме влијае и врз изгледот на нашата коса и кожа. А доколку немате навика да испиете чаша вода веднаш откако ќе се разбудите, по следниве факти сигурни сме дека тоа ќе биде првото нешто што ќе го правите кога ќе станете од кревет.

Што се случува во телото ако наутро веднаш по будењето испиеме чаша вода?

1. Ги исфрлате штетните материи од телото

Во текот на ноќта нашето тело се регенерира и ги разградува внесените токсини. Кога наутро ќе испиеме чаша вода, на нашиот организам му помагаме да ги исфрли сите штетни материи. А внесувањето вода го поттикнува производството на крвни зрнца и мускулни клетки.

2. Го покренува и го забрзува метаболизмот

Внесувањето вода на празен желудник ја зголемува потрошувачката на енергија до 24 отсто во наредните 60 минути. А забрзаниот метаболизам значи и подобра работа на дигестивниот систем. Исклучително важно е доволно да се хидрирате, бидејќи така многу полесно ќе ги симнете вишокот килограми. Доколку се борите со прекумерна тежина, пијте чаша млака вода наутро.

3. Се намалуваат проблемите со варењето

Нарушувањата на варењето настануваат поради зголемена киселина во желудникот. Ако киселината влезе во хранопроводот, ќе почувствувате непријатен вкус во устата и пецкање во градите. Со пиењето вода на празен желудник штом станете од спиење ќе ја разградите киселината и ќе ја спречите појавата на жеговина. Освен тоа, желудникот најдобро се подготвува за појадок со вода.

4. Блескава кожа без проширени пори

Дехидратацијата доведува до ширење на порите и создавање привремени брчки на телото. Консумирањето вода, пак, ја поттикнува циркулацијата на крвта, што го подобрува изгледот на кожата.

5. Јака и здрава коса

Премалата количина на течности може да има големо влијание врз растот на косата. Водата сочинува една четвртина од тежината на вашата коса и ја влажни однатре. Недоволната количина на течности предизвикува тенка и кршлива коса. Внесувањето доволно течности во текот на денот е важно за здравјето на косата, но пиењето вода наутро има уште поблаготворно дејство на косата.

6. Спречува појава на уринарни инфекции и камен во бубрегот

Пиењето вода штом станете е исто така важно за да одбегнете појава на камен во бубрегот и инфекција на мочните канали. Доволната количина на течности ја разградува желудочната киселина и ги исфрла токсините од телото – и двете можат да бидат причинители на камен во бубрегот и инфекција на мочните канали.

7. Го зајакнува имунитетот

Со внесувањето вода на празен желудник помагаме да се одржи рамнотежата на лимфниот систем. Така стануваме поотпорни на болести и патогени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.