Во Хрватска е потврден првиот случај на флурона. Спротивно на некои тврдења на социјалните мрежи, ова не е нов вид на коронавирус. Што е тогаш флурона?
Имено, иако се шпекулираше дека флурона е нова варијанта на ковид 19, не е тоа. Последната откриена варијанта на ковид 19 е омикрон, а Светската здравствена организација оттогаш не идентификувала друга варијанта.
Имено, кога во телото истовремено ќе се појават коронавирусот и вирусот на грип, тоа е болест наречена флурона, пишуваат хрватските медиуми.
И грипот и Ковид 19 се болести кои влијаат на респираторниот систем и имаат слични симптоми.

Според Светската здравствена организација, симптомите и на грипот и на ковид 19 варираат од личност до личност, но постои група на исти симптоми кои се забележани кај пациентите, пишува Business Insider.
Тие вклучуваат губење на чувството за вкус и мирис, треска, кашлица, отежнато дишење, губење на апетит, постојана болка во градите.
СЗО вели дека благите симптоми на флурона може да се лекуваат дома и дека нема потреба од хоспитализација.
Сепак, постојат потешки симптоми на флурона, а тие може да вклучуваат пневмонија, миокардитис и воспаление на срцевиот мускул.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.