Португалските здравствени власти денеска потврдија 10 случаи на мајмунски сипаници, со што вкупниот број се искачи на 49, а бројот на заразени во соседна Шпанија се искачи на 52, со четири нови случаи.
Овие две земји од Пиринејскиот Полуостров се најголемите жаришта на неодамнешното појавување на овој вирус, кој обично е проследен со поблаги симптоми надвор од неговите ендемски области во Западна и Централна Африка. Португалските власти наведуваат дека во сите потврдени случаи се работи за мажи, главно на возраст под 40 години. Никој не бил хоспитализиран.
Шпанија потврди 48 случаи во регионот на Мадрид, од кои повеќето се поврзани со сауна за возрасни, која беше затворена минатата недела. На Канарските острови се потврдени четири случаи. Голем број случаи се поврзани со 10-дневната Парада на гордоста на Големите Канарски Острови, каде на почетокот на мај се собраа 80.000 луѓе, соопштија регионалните власти во Мадрид и Канарските Острови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.