Во периодот од 10 до 16 јануари годинава во земјава се регистрирани вкупно 11.123 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е зголемување од 33,9% во однос на претходната седмица. Тестирани се вкупно 45.401 материјали, за 14,7% помалку од претходните седум дена, а процентот на позитивност се движел од 21,4% до 30,2%, просечно 24,4%, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (5.630; 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево (1.152,4/100.000) и во Битола (1.035,5/100.000)

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група од 30 до 39 години, а најмал број има кај децата до девет години



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.