Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека бројот на заразени со корона вирусот се зголемува ширум светот, а постои и ризик од појава на нови мутации.

Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во текот на неколку недели. Севкупно, позитивноста на тестовите е над десет проценти, но тоа варира во зависност од регионот. Во Европа процентот на позитивност е над 20 отсто, изјави Марија Ван Керхове од СЗО.

Нови бранови на инфекции се регистрирани во Америка, Европа и Западен Пацифик, пишува „Ал Џезира“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.