Ние забележуваме секојдневно благо зголемување на новоинфицирани во државата, Скопје се уште е жариште, односно црвена зона. Меѓутоа, од аспект на оптоварување на системот се уште сме во жолта зона, истакна министерот за здравство Беким Сали на денешното отворањето на реновираниот Хируршки Ургентен Центар во склоп на ЈЗУ УК „ТОАРИЛУЦ“.

Според Сали ако се земат предвид моменталните бројки во сите инфективни одделенија во државава и искуствата од минатото, ситуацијата со пандемијата во државава е се уште „оптимистичка“.

Можам да дадам некоја бројка од некаде помалку од 100 пациенти во сите инфективни одделенија во државава што за пандемијата од искуството од минатото значи дека се уште сме во оптимистичка, односно жолта фаза – изјави Сали.

Апелира граѓаните со хронични болести да се вакцинираат со трета и четврта доза од вакцините против Ковид-19.

Иако сме оптимисти дека врз системот нема оптовареност немаме ниту еден пациент на интензивна нега или зависни од кислород. Клиничката слика е многу важна во моментот но ние не треба да дозволиме да предизвикуваме некакви компликации кај пациент затоа и апелираме, би побарал да бидат внимателни при комуникација, самоизолацијата е исто важна, препораки од комисијата ќе очекуваме денеска – истакна министерот.

Информира дека има мала неусогласеност на информациите во врска со одлуката на Комисијата, матичните лекари и Министерството за здравство.

Комисијата дебатира и предлага планови, тоа е следниот план кој би требало да се имплементира доколку дојдеме до одредена бројка, не се толку алармантни бројките за да ние мора да ги адаптираме нашите капацитети и матичните лекари во петте амбуланти, тоа е предлог на Комисијата како решение доколку стигнеме до одредена бројка која би означувала црвена зона, а за тоа која бројка би означувала црвена зона, ќе разговараме со Комисијата – појасни Сали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.