Познатата баба Ванга имала репепт за долг и здрав живот.Еве ги нејзините совети.
– Во лето треба да пешачите што повеќе без чевли: контактот со земја е многу важен.
– Дозволете им на децата да си играат во нечистотија, за да можат што почесто да имаат директен контакт со природата.
– Треба често да се капете во вода во која се варени лековити ливадски билки и чаеви. Вака лековитите состојки најдобро се апсорбираат директно преку кожата.
– Јадете варено жито и пијте ја неговата вода еднаш неделно.
– Најдобра е течната храна, со што повеќе вода и природни состојки (супи, чорби со зеленчук). Млечните производи се особено здрави.
– Не треба да внесувате премногу храна: доколку организмот би бил создаден за тоа, ќе имавме два стомаци, а не еден.
– ‘Ржта е многу важна во здравата исхрана. Треба да јадете ‘ржан леб.
– Што помалку месо и маснотии!
– Цигарите и чадот од тутун мора да се избегнуваат!
– Можете да пиете една до две чаши ракија на ден пред јадење, за дезинфекција и подобра циркулација.
– Намалете ја потрошувачката на шеќер на минимум.
– Пазете се од стресот.
– Ако сте во можност, работете ја работата што ја сакате.
– Стремете се кон среќен семеен живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.